183
Мало момче денеска ја заслужи титулата најмалиот натрапник кој упаднал во Белата куќа, откако ја пробил металната ограда што го опкружува комплексот.
Припадниците на американската тајна служба, кои се одговорни за безбедноста во Белата куќа, го фатиле детето и им го вратиле на родителите, јавува АП.
Пристапот до комплексот бил накратко ограничен, а полицајците ги испрашувале родителите пред да им дозволат да продолжат по патот.
Како што истакнува агенцијата, ова може да биде прв успешен упад во комплексот откако висината на оградата околу Белата куќа е двојно зголемена на речиси четири метри.
Сепак, и покрај тоа што е повисока, новата ограда има дополнителни неколку сантиметри простор меѓу столбовите.