Велика Британија денес забележа 608 смртни случаи предизвикани од коронавирусот, што е најголем број на смртни случаи од мај, објавија властите на таа земја.
Обединетото Кралство, исто така, забележа 11.299 нови случаи на корона денес, што е голем пад во споредба со претходните денови, кога Британците имаа просечно 25.000 пациенти, а еден ден имаа над 33.000, објави Ројтерс.
Сепак, денешните бројки ги загрижија Британците, бидејќи во понеделникот имаа 203 смртни случаи, а денес 608.
Најмрачниот ден во Велика Британија се случи на 21 април, кога починаа 1.111 лица.