Најниска гледаност на доделувањето на Оскарите во последните 8 години

од Vladimir Zorba
108 прегледи

 

Овогодинешната церемонија за доделувањето на Оскарите ја проследија 34,3 милиони Американци, што е најниска телевизиска гледаност во последните осум години. 31AFA6D000000578-0-image-a-67_1456745555229

Еј-Би-Си телевизијата наведува дека, меѓутоа, доделувањето на Оскарите било најпратеното телевизиско шоу за доделување на награди во оваа година.

Помала гледаност од оваа година, Оскар имал во 2008 година, кога церемонијата ја проследиле 32 милиони Американци, пренесува Танјуг. 31AEC11400000578-3469264-image-a-88_1456746177945

Гледаноста била ниска и покрај присуството на Леонардо Ди Каприо, кој го доби првиот Оскар.

Минатата година, доделувањето на Оскарите го гледале 36,6 милиони граѓани на САД, што беше најниска гледаност за шест години.