Најнов ковид-биланс: 35% од тестираните се позитивни на Ковид-19

од Nikola Popovski
370 прегледи

Од Министерството за здравство попладнево соопштија дека во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на коронавирус, што претставува 35 проценти од тестираните биле позитивни.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци – 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино – 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

Во дневниот извештај, стои дека регистрирани се и 761 оздравен пациент од градовите : Скопје – 388, Прилеп – 51, Битола – 45, Кавадарци – 37, Гостивар – 28, Тетово – 27, Куманово – 26, Велес – 24, Штип и Неготино – по 19, Гевгелија – 18, Струмица – 13, Ресен – 9, Берово – 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Валандово и Крушево – по 3, Кратово, Демир Хисар и Богданци – по 2, Дојран – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини