266
Нов пораст на ковид-бројките. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 81 нови случаи на ковид-19 од направени 5.315 тестирања.
Од нив во Скопје – 27, во Тетово – 25, во Куманово – 9, во Гостивар – 7, во Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево по 2 и во Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово по 1.
Денеска не се регистрирани починати пациенти, а има 12 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.