Најнов ковид-биланс: Помал број на заразени во однос на вчера

од Nikola Popovski
586 прегледи

Од вкупно 6.591 тестирани, регистрирани се 882 нови случаи на КОВИД-19 во последните 24 часа, соопштија од Министерството за здравство.

Според билансот по градови во Скопје – 333, Тетово – 109, Струмица – 80, Куманово – 59, Гостивар – 46, Кичево – 42, Штип и Дебар – по 28, Охрид – 20, Велес – 18, Прилеп – 17, Струга – 14, Кавадарци и Кочани – по 12, Битола и Свети Николе – по 9, Ресен – 8, Богдани и Кратово – по 6, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија, Виница и Македонски Брод – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од:
• Скопје – 53
• Гостивар – 48
• Кичево – 11
• Штип – 6
• Тетово и Кочани – по 4
• Кавадарци и Пехчево – по 3
• Битола и Виница – по 2
• Охрид, Ресен, Делчево и Берово – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини