Од 6.651 тестирања, регистрирани се 435 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје, информира Министерството за здравство.
Билансот по градови изнесува: Скопје – 214, Битола – 36, Охрид – 25, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Струмица – 12, Гевгелија и Ресен – по 11, Кичево и Неготино – по 9, Гостивар, Велес и Штип – по 7, Тетово – 6, Струга и Радовиш – по 5, Кочани – 4, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево, Пробиштип и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од: Скопје – 233, Битола – 51, Прилеп – 32, Велес – 29, Кавадарци – 21, Охрид и Тетово – по 20, Гевгелија – 14, Куманово и Струмица – по 12, Кичево – 10, Демир Хисар – 9, Кочани – 8, Штип – 7, Богданци и Македонска Каменица – по 6, Неготино, Валандово и Свети Николе – по 5, Струга, Радовиш и Виница – по 4, Гостивар, Пробиштип, Крива Паланка и Крушево – по 3, Ресен – 2, Делчево, Дојран и Демир Капија – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања на Ковид-19.