Најнов ковид-биланс: Повторно повеќе оздравени од новозаразени пациенти

од Nikola Popovski

Според последниот ковид-пресек, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19.

Билансот по градови е: Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од: Скопје – 575, Куманово – 76, Прилеп и Кавадарци – по 54, Битола – 53, Велес – 43, Тетово – 40, Штип – 36, Крушево – 27, Гостивар – 26, Гевгелија и Неготино – по 18, Кочани – 17, Кичево – 14, Струмица – 13, Охрид – 12, Виница и Ресен – по 11, Демир Хисар – 10, Берово и Македонски Брод – 9, Струга – 8, Свети Николе и Делчево – по 7, Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Пехчево – 3, Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран – 1.

Слични содржини