Најнов ковид-пресек: Повеќе оздравени отколку новозаразени пациенти

од Nikola Popovski

Вечерва Министерството за здравство го објави најновиот ковид-пресек. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа:

Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Делчево и Демир Хисар – по 2, Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 830 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Струга – 186, Охрид – 103, Струмица – 91, Куманово – 28, Тетово – 22, Кичево – 18, Кавадарци – 17, Велес, Штип и Битола – по 12, Кочани – 10, Прилеп и Гостивар – по 9, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово – по 6, Кратово и Дебар – по 5, Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Виница и Богданци – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирање на Ковид-19.

Слични содржини