Вухан, епицентарот на пандемијата на коронавирус, повторно ги отвори ноќните клубови, додека остатокот од светот засега може да сонува само за тоа, бидејќи се уште се на сила бројни мерки, за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Младите во Вухан доживуваат катарза откако ноќниот живот се врати во тој град, пишува „Вион“.
На социјалните мрежи се шират снимки од забави и концерти, на кои се гледа како младите жители на Вухан уживаат да излегуваат во гужви, се дружат по клубови и јадат на улични тезги. И сето тоа без да се носат заштитни маски. Изгледа дека тие го надополнуваат изгубеното време од завршниот период.
„Се чувствувам како да живеам поинаков живот по првиот бран на епидемијата во Вухан“, изјавила Џанг Квионг (29), која својот роденден го прославила со пријателите во преполн паб.
COVID-19's original epicenter Wuhan re-learns how to party https://t.co/ZNKfsa9cJc pic.twitter.com/RW9w6zyEAq
— Reuters (@Reuters) December 17, 2020
Нема пријавени нови случаи на локално пренесување на коронавирус во Вухан уште од 10 мај, иако градот и целиот регион беа извесен период во најстрогиот карантин во светот.
Градот со 11 милиони жители беше отсечен од остатокот на Кина, а затворањето започна на 23 јануари. Патиштата беа блокирани, возовите, автобусите, а авионите не можеа да слетаат во градот. Скоро 3.900 од 4.634 смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Кина, се забележани во Вухан.
Wooo-han! #Coronavirus Ground Zero learns to party again a year after millions were locked down at start of pandemic #Wuhan #China pic.twitter.com/YjC9wF17pj
— Hans Solo (@thandojo) December 17, 2020