Дали има преценета секс поза? Ако ги прашате дамите – категорично ДА и тоа е свртена јавачка.
Што не им се допаѓа?
Истражување на Women’s Health во кое учество зеле 1111 жена, открива дека претставничките на понежниот пол никако не уживаат во обратната јавачка, а токму спротивното. 39% се категорични дека ја мразат оваа поза и ја избегнуваат.
Причините:
– аголот не е удобен и не ги стимулира доволно;
– често се прашуваат дали ги прават работите правилно и дали мажот се насладува на случувањата, бидејќи не можат да го видат, а се завртени со очи во ѕидот или прстите на нозете;
– се плашат да не му го повредат пенисот со поостри движења;
– и не на последно место се загрижени како точно изгледа задникот и колковите и дали целулитот не им избива со двојна сила;
– според жените оваа поза не е воопшто интимна, бидејќи немаат визуелен контакт со партнерот, што создава некаква бариера меѓу двајцата.
А сепак, момци, не се грижете, има доста жени кои немаат против да експериментираат барем за малку со оваа поза.
Втората не особено посакувана секс позиција според истражувањето изненадувачки е “кучешката” со гласање од 28%. Таа не им одговара на испитаниците, бидејќи може да биде доста незгодна, недостасува визуелниот контакт и често го скратува времето за секс, бидејќи мажите завршуваат побрзо на неа.