Најопасни и најбезбедни земји во светот за 2021 година – како е рангирана Македонија?

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Кои земји се најопасни, а кои најбезбедни во 2021 година се прикажани на годишната интерактивна мапа International SOS.

Либија, Сирија, Авганистан, Ирак и Централноафриканската Република се меѓу најопасните земји во светот. Мапата покажува каде патниците најверојатно ќе се соочуваат со безбедносни ризици засновани на закана од политичко насилство, социјални немири, насилни и ситни злосторства.

Во анализата биле земени предвид и стабилноста на транспортната инфраструктура, ефективноста на безбедносните и итните служби и подложноста на земјата на природни катастрофи.

На мапата Македонија е означена како нискоризична земја, како и сите соседи освен Косово, која има среден ризик.

На мапата со темно црвена боја се означени земјите во кои ризикот е екстремен како Либија, Сирија, Ирак, со црвена боја се обележани земјите во кои ризикот е висок (Пакистан и Египет), со портокалова земји со среден ризик (Турција, Украина, Русија), со жолта боја се означени земјите со низок ризик (повеќето земји во Европа) и зелена ризикот е мал – незначителен.

Според податоците, најбезбедни земји се Исланд, Данска, Норвешка, Финска, Швајцарија и Словенија.