Британскиот актер Хенри Кавил, кој ја понесе титулата миленик на жените откако ги играше ликовите на Супермен и „Вичер“ во истоимената хит серија. Актерот не зборува многу за неговиот љубовен живот во јавноста, па неговите последни фотографии од јавноста заинтригираа многумина.
Имено, 37-годишниот Хенри беше снимен како се шета држејќи се за рака со русокоса низ улиците на Лондон, а со него беше и неговото обожавано милениче кучето Кал.
Парот го криеше лицето под заштитни маски, но не успеаја да ги избегнат папараците, кои лесно ги забележаа во лежерното издание, и никој не можеше да не ги забележи нивните љубовни погледи. Многу фанови на Хенри се прашуваа која е неговата нова девојка, а странските медиуми наскоро дознаа која е таа. Имено, актерот е во врска со Даниел Беузолеил, канадски научник која се занимава со заштита на животната средина.
На Инстаграм, Даниел се опишува себеси како љубител на патувања, фитнес, открива дека пишува поезија и често споделува фотографии со семејството и пријателите.