Најпознатата плус-сајз манекенка го откри полот на бебето

од Elena Daskalova
284 прегледи

Познатиот плус-сајз модел, Ешли Грејам, за време на гостувањето кај Елен Деџенерис го откри полот на бебето кое треба да се роди во јануари.

Таа откри дека очекува син и дека терминот е во јануари, на што Елен се пошегува дека сака бебето да се роди на 26 јануари, кога ѝ е и нејзе роденден.

Сепак, моделот откри дека крајниот термин е нешто порано од тоа. Ешли за својата бременост вели дека добро ја поднесува и дека се труди да вежба, за да не се запостави.

Среќната вест таа и нејзиниот сопруг ја открија при крајот на август. По 9 години брак, тие соопштија дека го очекуваат своето прво бебе.

Слични содржини