Веќе подолго време се шпекулира дека американската реалити ѕвезда Кајли Џенер (25) и актерот Тимоти Шаламе (27) се во врска, а сега извор потврдил за ЕТ дека оваа информација е точна.
– Во моментот ги одржуваат работите лежерни. Не е сериозно, но Кајли ужива во дружењето со Тимоти и гледа каде ова води. Тоа е забавно за неа бидејќи се чувствува многу различно од претходните врски. Сето тоа е ново и возбудливо за Кајли и таа многу се забавува“, рекол изворот.
Сепак, ниту еден од двајцата не зборувал јавно за нивната романса, и изгледа дека нема наскоро, бидејќи извор рече дека Кајли одлучила дека не сака да излезе во јавноста со Тимоти минатиот викенд во Коачела.
Всушност, таа само сакала да се опушти и да се забавува со пријателите – објаснил изворот.
Инаку, Кајли и Тимоти почнаа да се забавуваат три месеци откако извор изјави за ЕТ дека Тревис Скот (31) и Кајли се „на пауза“ и повеќе не се заедно, но и дека најмладата Кардашијан сака да одржува добри односи со бившиот за доброто на нивните деца.