Најпознатиот светски пар целосно се ПОВЛЕКУВА од социјалните мрежи! Објаснија и зошто!

од Nikola Popovski
298 прегледи

Неколку месеци откако ја информираа јавноста дека го бојкотираат Фејсбук, принцот Хари и Меган Маркл решија целосно да се откажат од користењето социјални мрежи, сето тоа поради прекумерниот говор на омраза на овие платформи.

Уште во октомври, Маркл рече дека веќе долго време не ги посетува социјалните мрежи. Таа објасни како се дистанцирала од овие платформи затоа што на тој начин сака да се заштити од сè што пласира на нив.

„Загрижена сум за луѓето кои се опседнати со социјалните мрежи. Тоа е огромен дел од секојдневниот живот на луѓето, многумина се зависни“, изјави Маркл, која во неколку наврати отворено зборуваше за сопствените негативни искуства поврзани со социјалните мрежи.

Двојката ја основаше компанијата Арчевел и посочија дека е малку веројатно оваа компанија да има профил на социјалните мрежи.

Слични содржини