Во јадењата кои ги конзумираме, главно вкусот доаѓа од сосовите, со кои ги збогатуваме. Сос е француски збор земен од латинскиот “salsa”, која значи посолено.
За првпат сосот се употребувал од древните Грци при подготовка на риба. Обично тој е во течна или во средно густа состојба и не се користи самостојно, туку како додаток во вкусот и изгледот на јадењето.
Содржи неколку компоненти и е суштински елемент во кујните од целиот свет. Сосот може да се користи за пикантни јадења или за десерти; во салата е нарекуван дресинг, кон топли и ладни јадења и мезе. Во денешно време, подготовката на сос се индустријализира и тие може да се најдат во секоја продавница, но највкусни остануваат свежо приготвените.
foodpanda, ги избра најпознатите сосови во светското кулинарство.
Сос Беарнез – тоа е француски густ сос кој се подготвува од стопен путер, жолчка, бело вино и кромид. Зачинето со естрагон, сол, црн пипер и оцет. Погоден е за додаток на јајца и месо.
Сос Бешамел – бел сос, еден од главните во француската кујна, кој се служи топол. Подготвeн од брашно, масло, млеко кое се зачинува со бел бибер, сол, кора од лимон и морско оревче.
Сос Ворчестер – најпознатиот Британски сос кој го носи името на грофовијата. Со него се овкусуваат месо и риби. Се подготвува од тамаринд, вински оцет, сушени печурки, сардини, каранфилче, пипер, доматно пире.
Соја сос– потекнува од Кина и едем од најпознатите корисни сосови. Погоден е како за салати, така и за главни јадења. Се подготвува со ферментација на соја, пченица, вода, лук и копар.
Сос Песто- еден од најпопуларните и сакан италијански сосови, погоден за салати, тестенини и месо. Се подготвува од маслиново масло, босилек, сирење пекорино и кашу.
Сос Холандез– уште еден француски сос кој најверојатно го поврзувате со јајца Бенедикт, но тој е одличен додаток на секаков вид зеленчук. Се подготвува од белкии, масло, сол, бибер и кора од лимон.