Најразумно би било Ѓоковиќ да се вакцинира, вели Родригез

од Берта Китинска

Тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ треба да се вакцинира против корона вирусот во пресрет на тениските натпревари во Шпанија, изјави портпаролката на шпанската влада.

Најразумно би било господинот Ѓоковиќ да се вакцинира, изјави Изабел Родригез на прес-конференцијата како одговор на прашањето дали на светскиот рекет број еден ќе му биде дозволено да се натпреварува во Шпанија, бидејќи е депортиран од Австралија бидејќи не бил вакциниран.

Ѓоковиќ редовно ја посетува Шпанија, каде што поседува куќа во Марбела, на југот на земјата. Кон крајот на декември и почетокот на јануари тој помина неколку дена таму, за што сведочат видеата додека тренира.

Шпанскиот премиер Педро Санчез исто така рече дека Ѓоковиќ ќе мора да ги почитува здравствените правила на Шпанија.

„Секој спортист кој сака да се натпреварува во нашата земја мора да ги почитува здравствените правила“.

И германскиот канцелар Олаф Шолц, кој беше на истата прес-конференција, оцени дека во различни земји мора да се почитуваат различни правила.

„Тоа важи за сите, без разлика кои сме ние“, рече тој.

Слични содржини