Најсериозни пожарите на Серта и над Криволак, ниту едно населено место не е загрозено

од Nikola Popovski
70 прегледи

Десетина пожари и натаму активни во земјава, но ниту едно населено место не е загрозено, информираат од ЦУК. Додаваат дека имаше вкупно 29 пожари во последното деноноќие, од коишто 7 се се уште активни. Најсериозно е сè уште на планината Серта. Гори и над воениот полигон Криволак над Пенуш кон Брегалница.

Вториот пожар на планината Серта е над селото Пухче кој се движи над селото селце каде гори шума. Третиот пожар на планината Серта е од неготинска страна. Пожари има и во Општина Чашка, на планината Лисец, како и на територијата на Општина Македонски Брод каде што гори борова шума.

Активен е и пожар над село Мрзенци во Општина Гевгелија каде што дејствувале „ер-тракторите“. Активен е и пожарот кај прилепско Небрегово кој се движи во насока на планината Мукос. Пожарите се гасат и од земја и од воздух. Вклучени се припадници на армијата, полицијата, шумските стопанства и воздухоплови.

Во земјава е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на оперативната акција „Пожар 2024-та“, по добиена пријава на телефонскиот број 112 е приведен велешанец кој палел делови од автомобил во близина на депонија и предизвикал пожар.

Слични содржини