Најсигурниот знак дека бракот/врската ви е осуден/а

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Веројатно веднаш може да се сетите барем за еден поранешен кој ви останал предолго во животот незаслужено. Не сте единствените! Неодамнешна португалско истражување открива дека има причина да бидеме “приклештени” во лошите врски.

Кога луѓето инвестираат многу време, пари и напор во една врска, тие се со поголема веројатност да останат во неа, дури и да не се среќни. Кажано со други зборови: паровите се подготвени да трпат лоши односи, ако се инволвирани деца, заеднички дом или долги години поминати заедно.

Брачниот консултант од Њујорк Меган Клоус признава дека гледа такво нешто кај голем дел од своите клиенти. Проблемот е што кога сте во лош брак / врска учесниците често изневеруваат или подлегнуваат на други пороци (коцкање, алкохол), за да се почувствуваат живи и значајни.

Клоус појаснува дека човекот е “друштвено животно” и не ја сака осаменоста. Затоа и претпочита “лошо друштво” пред да биде сам. Покрај тоа ние сме суштества од навика, а партнерот исто така се претвора во таков.

А сепак, кога разбираме дека една врска е осудена на пропаст?

Едноставно е: кога и двете страни направиле компромиси и покрај тоа работите не функционираат. Тоа е категоричен доказ дека не вреди да продолжите заедно.

Меган издава, дека патот на разделбата е трнлив и тежок, затоа и многу луѓе не го започнуваат. Но сепак тој е надминат!

“Колку позначајни и убави работи ви се случуваат – во работата, во друштво на пријатели и т.н., толку побрзо ќе сфатите дека личниот живот не се вклопува во сликата и мора да се промени”, убедена е Клоус .