Најсиромашните земји би се вакцинирале дури во 2024 година?

од Nikola Popovski
228 прегледи

Глобалната шема за испорака на вакцините против Ковид-19 во посиромашните земји може многу лесно да пропадне, што потенцијално остава милијарди луѓе без пристап до вакцини до 2024 година, пренесува Ројтерс.

Програмата Ковакс на Светската здравствена организација е главната глобална шема за вакцинирање на луѓе во сиромашните и земји со средни приходи низ светот против коронавирус и има за цел да испорача најмалку две милијарди дози вакцини до крајот на 2021 година, со што ќе бидат опфатени 20 проценти од најранливите луѓе во  91 земја, главно во Африка, Азија и Латинска Америка.

Според Ројтерс, поборниците на планот тврдат дека програмата се соочува со недостаток на средства, ризик за снабдување и сложени договори, што може да го оневозможат остварувањето на нејзините цели.

Во внатрешниот извештај на управниот одбор на компанијата Гави, која заедно со СЗО го предводи КОВАКС, се вели дека ваквиот неуспех може да ги остави луѓето во сиромашните земји без пристап до вакцини до 2024 година.

Ризикот од неуспех е поголем бидејќи шемата е поставена толку брзо и на „неистражена територија“, се наведува во извештајот.

Слични содржини