Фудбалскиот портал Трансфермаркт објави нова листа со највредни играчи во светот, а првото место изненадува – најскап фудбалер во моментов е 17-годишниот Ламине Јамал од Барселона и шпанската репрезентација. Според проценката, вредноста на Јамал изнесува дури 200 милиони евра, што е значително зголемување од претходната вредност од 180 милиони. Ова се должи на неговите извонредни игри и важната улога во успешната сезона на Барселона, која ја крунисаа со европска титула. Второто место е за тројца фудбалери со иста пазарна вредност од по 180 милиони евра – Џуд Белингем (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) и Килијан Мбапе (Реал Мадрид). На петтата позиција е Винисиус Жуниор, уште еден млад ѕвездa на Реал Мадрид, со проценка од 170 милиони евра, додека шестото место му припаѓа на Букајо Сака од Арсенал, чия вредност е 150 милиони.
Листата ја продолжуваат Педри (Барселона), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен) и Џамал Мусијала (Баерн Минхен), кои го делат седмото место со вредност од по 140 милиони евра. На десетото место е Федерико Валверде од Реал Мадрид, со 130 милиони евра. Од хрватските фудбалери, најскап е Јошко Гвардиол од Манчестер Сити, кој се наоѓа на 36-то место на листата, со вредност од 75 милиони евра. Оваа листа покажува како младите таленти доминираат на фудбалскиот пазар и како нивните вредности растат со секој добар настап.