Најскапиот играч во историјата на Барса го напушта „Камп Ноу“

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Филипе Кутињо (29) е на чекор до враќање во Премиер лигата, каде успешно настапуваше за Ливерпул. Но, овојпат бразилскиот фудбалер е на чекор од преминување во редовите на Арсенал.

Според англискиот и шпанскиот печат, Кутињо не е во плановите на новиот тренер на Барселона Чави и се поизвесно е дека овој јануари ќе го напушти „Камп Ноу“.

Кутињо играше за Ливерпул од 2013 до 2018 година, а потоа се пресели во Барселона за 120 милиони евра (најголем дојдовен трансфер во историјата на Барселона). Сепак, тој не успеа да се наметне во редовите на каталонскиот клуб, па неговата пазарна вредност падна. Тој помина една сезона на позајмица во Баерн, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор.

Во текот на кариерата играше и за Интер, Васко де Гама и Еспањол.

Под водство на Микел Артета, Арсенал е четврти во Премиер лигата.

Слични содржини