
Независниот финансиски и економски аналитичар на канадскиот парламент Ив Жиру проценува дека канадската економија би можела да се намали за 6,8 проценти оваа година, што би бил најлошиот резултат од 1981 година.
Во најновиот извештај се вели дека годинашниот федерален дефицит поради пандемијата КОВИД-19 може да достигне 256 милијарди канадски долари.
Објавениот резултат е комбинација од проценетата вкупна потрошувачка на федералната влада за итна помош од 169 милијарди долари и историскиот пад на економските перформанси.
ПБО проценува дека економијата би можела да се намали за 6,8 проценти во 2020 година, што е најслаб резултат од 1981 година. Доколку се исполнат овие проценки, економијата би го удвоила претходниот рекорден пад од 3,2 проценти во 1982 година.
Премиерот Џастин Трудо најави дека Министерството за финансии ќе претстави фискален и економски извештај на 8 јули.
Вкупниот дефицит е поголем за 3,8 милијарди американски долари отколку претходните предвидувања на ПБО.
Жиру потенцира дека презентираните податоци се само резултат на едно од многуте можни сценарија, а не и сигурна прогноза.
Извештајот доаѓа еден ден откако премиерот Трудо вети дека ќе достави преглед на федералните финансии на 8 јули, што ќе обезбеди краткорочна проценка на трошењето.