Есента пристигна, што значи дека е време за јаболка и разни деликатеси со нив во главна улога.
Издвојуваме сочна, ароматична торта со јаболка која се топи во уста и чиј богат вкус и интересна текстура никого нема да остави рамнодушен.
Состојки:
– 650 гр јаболка
– 120 гр путер (се остава на собна температура малку да омекне)
– 100 гр шеќер
– 200 гр брашно
– 3 јајца
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 1,5 лажички прашок за пециво
– 1 лажичка ситно изрендана кора од лимон
– половина кафена лажичка цимет
Подготовка:
Во сад прво измешајте ги путерот и шеќерот да се добие хомогена маса и да се стопи шеќерот. Потоа полека и постепено се мешаат јајцата, па се додава кората од лимон, една лажица вода и на крај брашното и прашокот за печиво. Сè убаво измешајте за да добиете еднолична и мазна смеса.
Круг плех намачкајте го со путер и обложете го со хартија за печење, па во него истурете го подготвеното тесто и со шпатула рамномерно распоредете го по целата површина.
Измијте ги јаболката, исушете ги и извадете ги стеблата и јадрото. Исечете ги на кришки и посипете ги со цимет, па премачкајте ги преку тестото.
Печете околу 30-40 минути на температура од 180°C.
Кога ќе се испече колачот, почекајте малку да се излади, по желба посипете со шеќер во прав и послужете. Совршено е и со топка сладолед од ванила или со вашиот омилен чај.