Мила Јовович мора да е многу горда на својата најстара ќерка, која од мали нозе тргна по нејзините стапки и веќе освои една од главните улоги во новиот блокбастер на Дизни „Питер Пан и Венди“, во кој ја игра Венди во главната улога.
Евер Андерсон е навистина огледало на нејзината позната мајка Мила Јовович, а освен неодоливата сличност, 15-годишната девојка реши да тргне по нејзините стапки во Холивуд. Така, таа веќе доби една од главните улоги во новиот хит на Дизни „Питер Пан и Венди“.
Деновиве Евер е посветена на промоцијата на филмот, па се појави во син фустан на премиерата во Њујорк каде многумина ја забележаа нејзината неверојатна сличност со нејзината мајка.
47-годишната Мила Јовович освен Евер со нејзиниот сопруг, режисерот Пол В.С. Андерсон има уште две деца – седумгодишниот Дашиел и двегодишниот Осиан.
Евер веќе ја играше младата Наташа Романоф во филмот „Црна вдовица“.