НАЈТЕШКИОТ ПОРАЗ за Мурињо во неговата кариера: Навивачите на Рома ги построија играчите! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Рома победи во првите две кола, со гол разлика 8:1, но вечерва беше целосно понижена во третото.

Жозе Мурињо и неговиот тим одиграа катастрофален натпревар и си ги уништија шансите за освојување на првото место во групата Ц од Лигата на конференциите. Норвешки Бодо Глимт како домаќин ја совлада „волчицата“ со резултат 6:1!

Може да има контроверзии за тоа колку е важно ова натпреварување за Рома, но , сепак, навивачите имаат причина да бидат лути на тимот. Оние кои пристигнаа од Италија, по натпреварот, им „прочитаа“ лекција на фудбалерите и со тоа дадоа до знаење дека такви работи не смеат да се случуваат.

Апсолутен херој на Норвежаните беше Ерик Ботејм, 21-годишен напаѓач кој постигна три гола, а забележа и три асистенции.

Првиот гол го постигна во 8. минута, а првата асистенција ја забележа 12 минути подоцна, пред единствениот гол за гостите од Рим да го постигне Карлес Перез.

Младиот норвешки фудбалер продолжи да го „убива“ ривалот, па беше стрелец во 52. минута, а по головите на Солбакен во 71. и Пелегрин во 78. минута, неговата игра стана „терор“ за Рома во 80. минута кога го постави конечниот резултат.

Ова е најтешкиот пораз во богатата кариера на Жозе Мурињо, а мечот во Норвешка е прв во неговата кариера на кој неговиот тим примил шест гола.

Слични содржини