Најтрофејниот фудбалер на сите времиња остана без клуб

од Vladimir Zorba
398 прегледи

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш остана без клуб откако одлучи да го напушти Сао Паоло.

Алвеш (38) се врати во Бразил пред две години откако му истече договорот со ПСЖ.

Иако има 38 години, сепак е репрезентативец на Бразил, неговата цел е да игра на Светското првенство во Катар.

Алвеш го напушти Сао Паоло поради финансиски проблеми.

Тој е најтрофејниот фудбалер на светот, откако во својата кариера досега освои дури 44 пехари.

Се шпекулира дека ќе се врати во Европа, каде претходно играше за Севиља, Барселона и Јувентус.

Во дресот на бразилската репрезентација одигра 119 натпревари и постигна осум голови.

Слични содржини