Во последните неколку дена главна вест во светот на тенисот е разделбата на Новак Ѓоковиќ со својот тренер Горан Иванишевиќ. Во својот подкаст на оваа тема зборуваше легендарниот Џими Конорс, човекот кој освои 109 АТП турнири, од кои осум грен слеми, најмногу во историјата.
„Добро е понекогаш да се размрдаат работите, но веќе не е забавно, дали е секогаш вина на тренерот? Го знаете она популарното, „време е да се ослободите од тренерот“, низ смеа рекол Конорс, а потоа додал:
„Со некој патувате заедно недела по недела, јадете, поминувате време заедно. Понекогаш ви треба одмор, за да ги размрдате работите и да видите што ќе се случи. Можеби Горан го однел најдалеку што можел и му понудил се што можел“.
Легендарниот Американец има 71 година, но нема големо тренерско искуство. Беше со Енди Родик во периодот 2006-2008 година, а накратко и со Марија Шарапова и Ежени Бушард.
„Потребен е свеж пар очи. Ѓоковиќ наскоро ќе наполни 37 години, размислува во стилот – уште колку ми преостана, уште колку сакам да играм, што сакам да постигнам… Можеби е подготвен да преземе дополнителни ризици да видиме каде ќе го однесе. Помените што би ги вовел новиот тренер секако би биле минимални“, вели Конорс и додава:
„Не сум за тоа. Надвор сум моментално. Сакам да правам тениски подкасти и да зборувам за тенис, но доколку се укаже прилика, секако дека ќе ми биде задоволство и ќе ми биде чест да размисли за моето име“.