306
Познатиот музичар Лени Кравиц објави фотографија без маица на Инстаграм, а многумина се изненадени од фактот дека тој за два месеца ќе го прослави својот 57-ми роденден, со оглед на тоа што неговото тело е извајано.
Бидејќи концертите беа откажани, Кравиц се одмара, а опуштениот ден го овековечи со фотографија, која потоа ја објави на Инстаграм. Тој доби повеќе од 430 илјади лајкови за фотографијата со кокос во раката, но и бројни комплименти за изгледот.
Исцртаните мускули се главната sвезда на неговата фотографија, а сигурни сме дека многу полумлади мажи би дале сè на светот за да можат да се пофалат со такво торзо.