Најубавата жена на светот се врати на модната писта по долгата борба со тешката болест

од Nikola Popovski
342 прегледи

Бела Хадид, најплатената манекенка во светот и една од најубавите жени, со години се соочува со сериозни здравствени проблеми, а нејзината состојба се влоши во последните неколку месеци.

Таа со години се бори со Лајмската болест, а изминативе шест месеци паузираше од деловните ангажмани поради влошената здравствена состојба, за да се посвети на лекувањето.

Сепак по оваа пауза, атрактивната манекенка се вратила на работа и ја споделила убавата вест.

„Прв ден на снимање во последните пет месеци“, напишала манекенката додека во средата споделувала снимки од зад сцената на ТикТок.

Хадид, која ги информираше фановите за нејзините здравствени проблеми, изгледала свежо и одморено додека се снимала во делот за шминка и фризура.

@babybella777

First day back on set in 5 months!

♬ Sprinter Dave x Cench – Spotify Audios

Голем број фанови упатија пораки со поддршка на атрактивната манекенка.

Колку за потсетување, Хадид ја паузираше кариерата и се повлече од јавноста за да започне со лекување од Лајмска болест.

За време на изминатиот викенд, таа објави низа спомени во кои и се гледаат најтешките здравствени проблеми, како и исечоци од нејзините медицински досиеја од последните неколку години.

Слични содржини