Залутани куршуми погодија жена во Лабуништа и маж во Гостивар

од desk3
122 прегледи

куршум

На 07.08.2015 година во 22.30 часот во с.Лабуништа-Струга во дворот од семејната куќа С.А., откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје, се пожалила на болка во главата бидејќи нешто силно ја удрило. Кога истата се допрела забележала крв, а кога станала од столот на кој што седела, од нејзе паднал и проектилот со кој што била погодена. На истата и е укажана лекарска помош во МЦ-Струга, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од ПС-НККР-Струга.

Во серијата на оштетувања и повреди од заталкани куршуми во гостиварско, синоќа се придодаде уште еден случај во кој гостиварец имал голема среќа и поминал со расеченица на десната надлактица.

Според СВР Тетово, синоќа околу 22:30 часот, додека излегувал од автомобил, пред усгостителски објект на улицата „Илинденска“, во Гостивар. Г.Р. (42) почувствувал болка во надлактицата и почнал да крвари. Набрзо побарал помош во ургентното оддление во гостиварската болница каде му е утврдена рана, која најверојатно ја нанела зрно од огнено оружје. Повредата му била хируршки третиранапо пришто е пуштен на домашно лекување. По пријавувањето, полициска екипа излегла на терен и направила увид, но не го пронашла проектилот за кој се претпоставува дека го повредил.

За изминативе две недели во гостиварско се пријавени пет оштетувања на имот на гостиварци, а едно десетгодишно дете почина откако заталкан куршум го погоди во глава. За недозволено и противзаконско користење на огненено оружје во последниве два месеци, не е поднесена ниту една кривична пријава, а прекршчно е казнет еден жител на Долна Бањица за неовластено приредување на огномет на семејна веселба. Пукањето на свадби и други семејни веселби во гостиварско е зачестена појава, особено ова лето.