Највисока стапка на слободни работни места има во секторот градежништво

од Nikola Popovski
345 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, највисока стапка на слободни работни места од 4,98 проценти има секторот градежништво, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0,15 проценти.

„Во првото тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,58 проценти, а најголем број слободни работни места 2.103 има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба“, велат од Заводот.

Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,80 проценти.

Слични содржини