Телешката чорба е еден од најпопуларните и најнарачуваните оброци во кафеаните низ Македонија, но и на Балканот. Вкусна е и загревачка, а во исто време и многу хранлива.
Ова е рецепт по кој можете да ја подготвите и самите:
Состојки:
500 гр телешко месо
Една главица црвен кромид
Два врзопа зеленчук за супа
Еден корен од целер
Два компира
100 мл масло
2 лажици брашно
200 мл кисела павлака
Едно јајце
Сол, бибер, зачини
Подготовка:
Исецкајте го кромидот и издинстувајте го на маслото. Додадете го месото исечено на помали парчиња, налејте вода да го покрие и варете на тивко, околу еден час .
Потоа додадете го зеленчукот, посолете, зачинете и налејте околу два литра вода. Направете запршка, па варете ја чорбата уште половина час.
Пред сервирање, во жешката чорба ставете павлака изматена со жолчката од јајцето. По желба можете да зачините со смеса од оцет, лук и магдонос.