Одѕивот во главниот град е за нијанса повисок кога се споредува со првиот изборен круг.Според податоците до 17 часот одѕивот е за гласање е највисок во Карпош, Центар и во Чаир. Токму затоа и разликата само во Центар изнесува 2 472 гласа, односно толку повеќе граѓани излегле во овој изборен турнус, во однос на првиот.
Излезноста на гласачите на вториот круг од Локалните избори во 44-те општини каде што се избираат градоначалници до 17 часот е 42,85 отсто. Податокот е од обранотени 83, 29 отсто од избирачките места или 2044.
По општини најголема излезност има во Вевчани 75, 6 отсто, Конче 73, 15, Ранковце 71, 02. Над 60 отсто имаат Пробиштип, Пехчево, Дебар Македонски Брод, Демир Хисар, Лозово и Демир Капија.
Најмала е излезноста во Сарај 23, 41 Шуто Оризари 28, 48 и Боговиње 30, 23 отсто.