НАЈЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ НА ПЛАНЕТАТА: Туберкулозата одзема 4.000 животи дневно

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Туберкулозата сега е најзаразната болест на планетата, надминувајќи ги КОВИД-19 и СИДА, бидејќи одзема 4.000 животи секој ден, од кои 700 се деца, изјави претставник на Обединетите нации.

Врвните функционери на Светската организација и лидерите на здравствената индустрија се обидуваат да се справат со алармантниот скок на бројот на заболени од туберкулоза, за што придонесува големиот број случаи на болеста во воените зони, како оние во Украина и Судан.

Според Лучица Дитиу, извршен директор на организацијата Стоп за туберкулозата, пред пандемијата Ковид-19 немало драматично зголемување на бројот на заболени од туберкулоза.

„Но, по КОВИД-19, го видовме типот на туберкулоза што го гледаме во филмовите, каде што луѓето кашлаат крв и се многу слаби“, рече Дитиу, пренесе АП.

Како КОВИД-19, туберкулозата се пренесува преку воздух.

Дитиу рече дека економските последици од КОВИД-19 и војните, особено во Украина и сега во Судан, имаат „огромно влијание“ врз напорите за лекување на луѓето со ТБ и дијагностицирање на нови случаи.

Слични содржини