Налепницата со ознаката „НМК“ за регистарските таблички ќе чини „симболични 30 – 50 денари“

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Регистарските таблички за возилата со ознаката „МК“, по 12 февруари ќе треба да имаат налепница со ознаката „НМК“. Ваквата замена доаѓа согласно Преспанскиот договор, а граѓаните ќе ги чини симболични 30 – 50 денари, соопшти МВР.

Цената на налепниците е објавена на 3 јанауари во Службен весник, а ќе се продаваат најверојатно во станиците за технички преглед на возила.

Како што известуваат од МВР, испораката на налепниците тече согласно договорот со економскиот оператор кој е избран на тендер.

Слични содржини