Намален бројот на заразени со корона, две лица починале

од Nikola Popovski
15 прегледи

Тестирани се вкупно 341 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,9% во однос на минатата недела (n=322). Регистрирани сe 45 нови позитивни случаи, со намалување од 29,7% во однос на минатата недела (n=64). Процентот на позитивност се движи од 7,1% до 22,2%, просечно 13,2%, информираат од Институтот за јавно здравје.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 10 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=25; 55,6%), a највисока инциденца е регистрирана во Демир Хисар (13,8/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=24; 53,3%).

Во текот на минатата недела (23-29.09.2024) со статус „оздравени“ се стекнале 68 лица.

Во текот на минатата недела (23-29.09.2024), пријавени се две починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Демир Хисар и Охрид, од возрасната група над 65 години. Лицата се вакцинирани со 2 и 3 дози против КОВИД-19 (поминати 3 години од последната доза на вакцина), со регистрирани коморбидитети. Едното позитивно лице е починато во болнички, а другото во
домашни услови.

Слични содржини