Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 0.7 % во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година, прометот во индустријата, вкупно, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 1.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2 %.
Вкупно во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, прометот во индустријата, бележи опаѓање од 6.1 %, додека во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, бележи пораст од 5.2 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4.5 %, додека во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, бележи опаѓање од 0.1 %.
На странските пазари во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, прометот во индустријата бележи пораст од 0.3 %, додека во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, бележи пораст од 6.4 %.
Најголемо влијание врз опаѓањето на вкупниот промет во индустријата во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, имаат одделите:
* Производство на електрична опрема со 10.4 %
* Производство на метали со 16.9 %
* Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 4.9 %