Намалена казната на Евертон, им вратија бодови

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Казната од 10 поени на Евертон за прекршување на правилата за финансиски фер-плеј беше намалена на шест по успешната жалба на „карамелите“.

Како што е познато, во ноември на клубот им беа одземени 10 бода поради непочитување на финансиските прописи во сезоната 2021/2022.

Сепак, Евертон упати брз апел кој сега беше успешен и ќе им бидат вратени четири бода.

Поради тоа „карамелите“ сега имаат 25 бода и се искачија на 15. место во Премиер лигата.

Сепак, рочиштето за жалбата на второто обвинение сè уште се чека, што може да резултира со одземање на дополнителни бодови.

Слични содржини