Намалена невработеност: „Македонија вработува“ или „Македонија исселува“?

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Владата прогласи историски успех, за девет години невработеноста во Македонија се намалила од 38% на 26,8%. Според министерот за финансии, ваквите резултати биле очекувани по спроевeдените реформи и програми. Според проценките и очекувањата на Владата, до почетокот на 2017 година, невработеноста треба да се намали на 22%. Дел од домашната експертска јавност оценува дека за реалната слика за состојбата со невработеноста и нејзиното намалување треба да се анализираат два три клучни фактори: колку од вработувањата се реализирани во приватниот сектор, колку луѓе се избришани од списоците на невработени и колку лица ја напуштиле Македонија, пишува Фактор.

airport-travel1-540x304

Според дел економистите, прашањето за намалување на невработеноста има повеќе димензии и за да се добие реална слика за состојбата, треба да се анализираат неколку фактори: дали се работи за нови вработувања во приватниот сектор, колкав е уделот на вработувањата во државниот сектор, потоа колку чинат субвенционираните вработувања и како врз целата состојба се одразува одливот на работоспособна сила во странство.

“Намалената стапка на невработеност е резултат на неколку мерки, односно фактори. Најпрво, тука се вработувањата во администрацијата. Потоа следуваат мерките на Владата за вработување во приватниот сектор, кои се нарекуваат активни мерки но тие имаат краткорочен ефект и се со буџетска поддршка. Сега се случува и операцијата за трансформација на вработени во државен сектор, и сите овие мерки имаа повеќе козметичка отколку економска димензија“, изјави неодамна  универзитескиот професор Ванчо Узунов.

Еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство.

Според последните достапни мерења што ги спроведе Светска Банка, земјава веќе се соочува со драматичен одлив на граѓани. Од 1998 до 2011 година се отселиле 230 000 жители, односно 10 отсто од вкупниот број. Ако се продолжи со ова темпо, според проценка на Светска банка до 2030 година ќе има помалку од 1,8 милиони жители, наспроти сегашните 2,1 милион. Голем дел од исселените не само што се работоспособни, туку главно се и високо едуцирани лица, кои во потрага по егзистенција и подобар квалитет на живот, секојднавно ја напуштаат земјава.

Повеќе од текстот на Фактор на следниот линк.