153
АМСМ информира дека намалена видливост од 50 до 100 метри поради појава на магла има кај Демир Капија.
Од таму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ