Намалена видливост на патниот правец Петровец – Велес – Гевгелија поради магла

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Петровец – Велес – Гевгелија, соопштуваат утрово од ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Слични содржини