Намалена видливост вечерва поради магла на Страцин, Стража и Крива Паланка-Деве Баир

од desk4
85 прегледи

Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Страцин и Стража, додека на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир видливоста е до 200 метри, информираат од ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, кој не се задржува на коловозот.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонија пат до учесниците во сообраќајот апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.