Намалување на цените на нафтените деривати

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 1.11.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,445 ден/кг.

Од 9.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)
* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)
* Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
* Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
* Мазут М-1 НС 41,445 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 2,637% , кај дизелот за 2,055% , кај екстра лесното масло за 2,660% и кај мазутот намалувањето е за 2,234% .

Слични содржини