Намалувањето на ДДВ на струјата ќе значи 28 до 29 милиони евра помалку во Буџетот

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика минатата година во јули даде предлог за намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5 проценти, за што Владата даде позитивно мислење, а деновиве лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обидувајќи се да добие политички поени овој стар предлог го претставува како негов.

За предлогот на РКЕ, премиерот Заев кажа дека е вреден за разгледување, но остави простор за анализа, со цел да се видат економските параметри од ваквата мерка, особено во време на пандемија.

„Секако е вредно за разгледување, при што мораме да водиме грижа каков тоа импакт ќе има на севкупното обезбедување на доволни ресурси за економијата“, кажа Заев.

Пресметките на РКЕ, покажуваат дека ваквата мерка ќе значи 28 до 29 милиони евра помалку во Буџетот на Република Северна Македонија.

Занемарувајќи ги анализите и претохдните јавни настапи на Бислимоски и Заев, Мицкоски вчера се обиде овој предлог да го претстави како идеја на неговата партија, со цел добивање на политички поени кај граѓаните.