Намерно се палат шуми за понатаму дрвата да бидат поевтини, тврди Ангелов

од Nikola Popovski
345 прегледи

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов смета дека шумите во земјава се палат намерно за потоа дрвата да се купат по поевтина цена. За елиминирање на овој евидентиран проблем, Ангелов посочи дека активно работат со државата во откривање на сторителите.

Тој информираше и за причините за пожарите, што за среќа оваа година ги нема во толкав размер и бројност како минатото лето.

За жал тоа е човекот. Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат, и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат отпушоци од цигара, и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири. Исто така се палат шуми намерно за потоа дрвата да бидат поевтини. Затоа со државата работиме да го надминеме и овој проблем. Крадците палат шума за потоа да ја купат поевтино, кажа Ангелов во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини