„Наместо да понесе морална и лична одговорност, Пецаков бара изговори и се служи со манипулации“

од Vladimir Zorba
260 прегледи

„Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен настан, на одбележувањето на православниот празник Водици. Ова е неодговорно, незрело и опасно постапување на Пецаков кој во време на пандемија свесно го загрозува јавното здравје“, велат од Бихаќка.

„Вака слично, на почетокот на пандемијата со коронавирусот, се однесуваше и Христијан Мицкоски кој не почитуваше мерки за заштита и свесно кршеше здравствени протоколи.

Очигледно дека во ВМРО-ДПМНЕ присутна е една иста матрица – по секоја цена да не се почитуваат законите и протоколите за заштита на јавното здравје.

Неколку денови по ред, Пецаков, наместо да понесе морална и лична одговорност, тој бара изговори и се служи со манипулации, само за да ја покрие својата неодговорност.

Надлежните институции мора целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите, а Пецаков да одговара за своите постапки“, истакнуваат оттаму.

Слични содржини