Наместо риба, градоначалничка „уловила“ пакет со 70 килограми кокаин

од Nikola Popovski
329 прегледи

Градоначалничката на градот Тампа на Флорида, Џејн Кастор со семејството ловела јастози и риби, недалеку од брегот, кога извлекла неочекуван улов – пакет со 70 килограми кокаин, вреден 1,1 милион долари, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Семејството испловило кон пристаништето кога братот на градоначалничката забележал необичен пакет.

Пакетот бил откриен јужно од градот Маратон.

Тие се приближиле, надевајќи се на добар улов. Искусните риболовци знаат дека помалите риби се собираат под слични предмети што пловат во морето, бидејќи им создаваат сенка.

Колку се приближувавме, ми стана јасно дека се работи за пакет кокаин, изјавила градоначалничката пред новинарите.

Џејн Кастор осум години работела како службеничка во Одделот за наркотици во полициската управа во Тампа, а потоа и шест години како началничка на Одделот, па оттаму имала искуство во областа на дрогата и наркотиците.

Слични содржини