Повелбата за солидарност во која членуваат повеќе синдикати ги повикаа сите граѓани на први мај да протестираат против честите измени на законите со кои се повеќе се скратуваат синдикалните права. Да се вратиме на синдикализмот, од оваа место каде е споменикот на а синдикалната борба уште на предвоените синдикалци порачаа фронтмените на повелбата.
Ги поканија и студентите и средношколците да учествуваат на протестот кој го организираат по повод меѓународниот ден на трудот. Наместо на скара на протести за први мај.На ова повика Повелбата за солидарносот која од ден наден се шири у усојузува со се повеќе прогресивни и автентични синдикати и левичарски движења . За нив најбитно е граѓаните да се солидаризираат и наместо на излет меѓународниот ден на трудот да го одбележат со протест кој е насочен против кршењето на работничките права
Повикаа да не се подлегнува на партиски притисоци и наместо на некаков параден марш кој паралелно го организира ССМ на Живко Митревски , да се приклучат на протест за да се испорачаат барања од власта и тоа секојдвено 365 дена во годината а не парадно само еден ден како што прави провладиниот ССМ.
Од овде од симболот на солидарноста, за да не го заборавиме, ќе го почнеме нашиот протест за да покажеме дека солидарноста и автентичниот синдикализам не се од сега, туку имаат традиција, порачаа синдикалците.
Протестот е закажан за 1 мај, петок во 12 часот ќе тргне од пред Споменикот на солидарноста (кај автобуската постојка спроти Олимписки базен), ќе продолжи пред Собранието, Министерството за труд и социјална политика и ќе заврши пред Владата.
– Први мај е ден за отпор, а не ден за одмор. На овој ден како работници треба да протестираме бидејќи ни се погазени достоинството и правата. Овој ден им припаѓа на сите работници и затоа ги повикувам и оние кои в петок бидејќи добиле таква владина директива, а присуствуваат на дефилето на ССМ, да дојдат со нас и да го покажат незадоволството против тој и таков притисок – рече Здравко Савевски, активист на Солидарност.


